Канатларовски го објави списокот, У21 надежите на контролен турнир во Хрватска

фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мура, Хрватска. Покрај нашата селекција и домаќинот, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија и Саудиска Арабија.

Првиот натпревар на турнирот ќе го играме против Албанија на 23 септември. На 26 септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите, Хрватска или Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.

Селекторот на У21 надежите, Драги Канатларовски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Александар Ангелкоски (Тетекс);

Одбрана: Антонио Јанкулоски (Вастра Фролунда, Шведска), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугсбург);

Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Арда Окан Куртулан (Адана, Турција);

Напад: Марио Илиевски (Кишварда,Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Методи Максимов (Работнички);

Во составот не е повикан фудбалерот на Шкендија, Дашмир Елези поради повикот во селекцијата до 19 години што ја предводи Неџат Шабани. Селекцијата до 19 години против Кипар ја има последната контролна средба пред квалификацискиот турнир за Елитна фаза за ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот