Камион прегази пешак на патот Охрид-Струга

Полиција / Фото: МИА

Камион вечерва удрил во пешак кој починал на лице место. Сообраќајката се случила околу 19 часот на стариот пат Охрид – Струга, објави порталот „Охрид1“.

„ Вечерва околу 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид – Струга, кај Охридска плажа товарно возило удрило пешак, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид вршат екипи од СВР Охрид. Поради несреќата сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат“, велат од СВР Охрид.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот