Камчев: Катица Јанева беше алчна за пари

Фото: Слободен печат

Сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Бојан Јовановски и бандата, изјави бизнисменот Орце Камчев по денешното рочиште на случајот „Рекет”.

– Колку и да била болна за некој вистината, јас таа вистина денес ја кажав пред суд. Зошто Лиле Стефанова не ја пријавила кај Љубомир Јовевски ако имало притисок или влијание врз неа како што велеше. Јас да сакав некој да поткупев тоа ќе го сторев на почетокот на процесот, рече Камчев.

Тој вели дека со тоа што го пријавил случајот сторил голема заслуга за оваа држава. Камчев нагласи дека Јанева била алчна за пари и дека во граѓанска постапка ќе поднел тужби против неа и Бојан Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот