Камала Харис, потпретседателка на САД: Енергичната лидерка прерасна во марионета

Американската потпретседателка Камала Харис / Фото: EPA-EFE

Политичката моќ на Камала Харис, првата жена во историјата што ја извршува функцијата потпретседател на САД, во последно време опаѓа со вртоглава брзина. Луѓе блиски до неа открија за Си-Ен-Ен дека често се жали дека што и да се обиде да направи, веднаш е блокирана и дека е изложена на огромен притисок бидејќи секоја нејзина грешка „се гледа под лупа“, само затоа што е жена.

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Дополнително, нејзината позиција останува неизвесна, бидејќи многу е веројатно дека актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, поради возраста нема да биде кандидат на Демократската партија на следните претседателски избори во 2024 година.

Многумина од нејзините поддржувачи се прашуваат како е да се има толку важна позиција во Белата куќа а притоа да сте толку тргнати настрана од важните случувања и процеси на одлучување, пишува Си-Ен-Ен.

„Природно е ние што ја познаваме да знаеме колку може и колку се бара од неа во моментов. Тоа не фрустрира. Таа е приватно многу горда што е потпретседател на САД. Нејзината работа треба да биде да му помогне на претседателот и да биде „број два“ во раководењето на САД“ , оценува Елени Куналакис, заменик-гувернер на Калифорнија и долгогодишна пријателка на Камала.

Реалноста е посложена и само оние кои работат во Белата куќа знаат како всушност функционира. Често има конфликт меѓу претседателите и потпретседателите и нивните штабови.

Поранешниот американски претседател Барак Обама се поздравува со Камала Харис и Гевин Њулсом Саул / AFP / Profimedia

На пример, политичката групација која го подржува поранешниот претседател на САД, Барак Обама буквално го презираше персоналот и соработниците на тогашниот потпретседател Џо Бајден.

Постојани напади

Дополнително, републиканците и десничарските медиуми постојано ја напаѓаат Камала, употребувајќи говор на омраза и со расистички текстови. За повод го земаат тоа што не секогаш успева да ги исполни високите цели кои се поставени пред неа. Од неа очекуваат секој ден да испишува историја, додека таа всушност се обидува да игра споредна улога. Затоа ја нарекуваат „тивка сила“ на администрацијата.

Самиот Бајден сакаше да го моделира својот однос со Харис врз основа на неговиот потпретседателски мандат и им наложи на своите асистенти од претходната администрација на почетокот на неговиот претседателски мандат да ја обучуваат, односно да и ги пренесат неговите искуства кога му беше потпрестедател на Обама

Тој организираше неделни ручеци, истите што ги имаше со Обама, и ја покани Харис да му се придружи на брифингот со тајните разузнавачки служби. Харис, во меѓувреме, го интензивираше своето докажување и посветеност на претседателот и администрацијата, користејќи го неговиот однос со Обама како пример како да се однесува.

Дури и тогаш, некои соработници на Белата куќа се прашуваа дали искуството на Бајден како потпретседател лесно ќе се пренесе на некој со многу различни квалификации и вештини – и во многу различни околности.

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Твитер @joebiden

Камала стана препознатлива во првите неколку месеци поради честото стоење покрај Бајден за време на неговите одлични и успешни говори, поради што беше окарактеризирана како неупотреблива.

Се чини дека по сето ова Бајден заклучил дека Камала нема да му треба за долгите и успешни говори. Ова особено стана очигледно кога Камала не се појави на гласањето за инфраструктурата во Претставничкиот дом. Таа тогаш заминала во обиколка на центарот за вселенски летови на НАСА во предградијата на Мериленд, а објаснувањето на тимот на Бајден бил дека не сакале да ја ангажираат дополнително, за како што рекоа, нерелевантни закони во Домот“.

Камала Харис / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Иако Камала присуствуваше на некои од состаноците што ги организираше Бајден со клучните пратеници, имаше многу повеќе состаноци на кои не беше повикана да присуствува. Пропуштањето на тие состаноци ја лиши од учењето како навистина да ги заврши работите преку Конгресот.

За да го демантираат ова тврдење, нејзините лични советници ги посочија нејзините 150 „ангажмани“ што ги имала со членовите на Претставничкиот дом и Сенатот изминатите месеци, вклучително и секој разговор што го имала со пратениците на тема инфраструктура.

AFP / Profimedia

Кога Бајден ја избра Харис за свој заменик, тој во суштина ја покани поради иднината на Демократската партија. Сега, многумина од нејзините блиски пријатели сметаат дека Бајден повеќе не сака да ја промовира и дека се обидува да ја изолира и да го забрза крајот на нејзината политичка кариера.

Нејзините најблиски соработници и пријатели се загрижени , бидејќи нејзиниот рејтинг во анкетите се соочува со забрзано паќање во однос на рејтингот на Бајден, загрижени дека дури и лојалните демократски гласачи се откажуваат од неа.

„Камала Харис е лидер, но не е во позиција да раководи нити со партијата, ниту пак со САД, сметаат нејзините соработници.

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Olivier DOULIERY / AFP / Profimedia

Што може да направи Камала сега?

Доколку сака да го подобри впечатокот во јавноста, Камала може да ја потсети јавноста на нејзините похаризматични моменти во кампањата. Во моментите кога беше енергична и ангажирана, кога ја крена публиката на нозе, и кога сите и аплаудираа, што ја лансираше нејзината политичка кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот