Како во „Кој тоа таму пее“: Старец од дојранско преорал пат и пресекол пристап, тврди дека земјата е негова

Фото: Центар Филм / Србија / принтскрин

Сцена речиси идентична како во култниот српски и југословенски филм „Кој тоа таму пее?“ се случила вчера во околината на Дојран, кога полицајци забележале пожар, а испаднало дека огнот бил запален од локален жител, пензионер, кој преорал и локален пат, тврдејќи дека земјата е негова.

„На 06.10.2022 во 13.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, на место викано „Владаја” во Дојран забележале пожар на нискостеблеста шума. Тие излегле на местото и го затекнале П.П.(75) од с.Сретеново, дојранско, кој изјавил дека тој го запалил огнот и го изорал патот под напуштената караула Стар Дојран, сметајќи дека е негов имот, со што го отсекол пристапот до локациите“, се вели во соопштението од МВР.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Дојран го изгаснала пожарот, а повредени нема. Увид извршила екипа од ОВР Гевгелија и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот