„Како мајка можам само едно да кажам…“: Александра Пријовиќ со солзи во очите ѝ упати силна порака на Северина

Фото: Принтскрин . Инстаграм

Српската пејачка Александра Пријовиќ синоќа го одржа првиот, од серијата концерти во Осиек, а на прес-конференцијата меѓу другото беше замолена да го каже своето мислење за колешката Северина Вучковиќ, која неодамна беше лишена од старателството над синот Александар, а  дадено на нејизниот поранешен партнер Милан Поповиќ.

Пејачката одговори со солзи во очите, таа не можеше да ја сокрие тагата бидејќи и самата е мајка на малолетен син. Пејачката не сакаше да се задржи премногу на оваа тема, но јавно го кажа својот став.

„Можам да кажам само едно… Јас како мајка мислам дека детето секогаш треба да биде до својата мајка“, кратко изјавила Пријовиќ.

Инаку, пејачката пораснала во Бели Манастир, кој е на 30 километри од Осиек, па во оваа пригода решила да го посети родното место и таму да преноќи.

„Синоќа спиев во мојата куќа, секако. Првото место каде што отидов беше мојата куќа“, рекла Пријовиќ.

Видеото од прес-конференцијата може да го погледнете ТУКА.

Северина открива: Петар Грашо ми рече дека изгледам како да сум излегла од фритеза

Целиот регион лудува по Александра Пријовиќ: За неколку месеци ќе наполни повеќе од 20 арени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот