Како функционира ПРОСТИТУЦИЈАТА НА ЈАХТИТЕ

Незаобиколив дел од летната „туристичка понуда“ веќе со години е проституцијата, која се случува на јахтите во хрватските, црногорските и турските води. Според едно минатогодишно истражување, во Хрватска 6.700 жени се занимаваат со проституција, а редовни клиенти кои користат такви услуги се меѓу 75 и 110 илјади, но само мал дел од нив користат услуги од елитните дами од кругот кој спаѓа во таканаречената елитна проституција, пишуваат хрватските медиуми.

За тоа колку е развиен овој бизнис зборува и тоа што групи девојки од други земји со авиони во неколку наврати доаѓале на хрватскиот брег да „одработат неколку дена“, а понекогаш дури и неколку недели, па потоа се враќале дома. Во „јахтинг-проституцијата“ на Јадранот уживаат богати странци, домашни тајкуни, спортисти, припадници на подземјето кои за дружење со овие дами издвојуваат и до илјада евра.

Девојките на Јадранот се носат од сите краишта, не само од Хрватска туку и од соседните држави. Некои од нив го продаваат своето тело дури и за парче накит, луксузна облека или брендирана ташна. Дивите забави се надополнети со големи количини алкохол и кокаин, кој на палубите се „шмрка“ до бесвест.

илустрација

Многу девојки под изговор дека работат манекенски работи, го продаваат своето тело, а нив ги ангажираат агенции за деловна придружба, при што најмалата дневна заработка изнесувала 500 евра.

Како тоа навистина изгледа откриваат анонимните исповеди на оние кои работеле на таквите јахти, повеќето како персонал. Еден од членовите од персоналот открил дека на забавите на јахтите сè е преполно со дрога, а таблетите вијагра се јадат како бонбони.

„На таквите јахти не се однесуваат најлошо нивните сопственици, туку оние кои ги изнајмуваат на една или две недели и за тоа плаќаат повеќе од половина милион евра за да уживаат во пловење на бродови кои имаат базени. На тие јахти сè се сведува на „да набавиме дрога, да набавиме проститутки, да го малтретираме екипажот со барања“. Но не се жалам бидејќи само за едно лето заработив повеќе од 28.000 евра од бакшиш“, зборува еден од членовите на персоналот кој работел на странски јахти, пренезува Дневни аваз.

Тој открил дека најдобра заработка има во Кан, каде што проститутките заработуваат и до 35.000 евра за една ноќ за време на филмскиот фестивал, а гости им се бројни славни глумци и познати од светот на филмот.

„Кога доаѓаат големи клиенти на јахти, сите детали се договараат неколку дена порано. Тие кажуваат колку девојки сакаат, потоа нè пренесуваат со автомобил до нивните бродови и некогаш остануваме само во текот на ноќта, а некогаш испловуваме на отворено море и се враќаме дури по 3-4 дена“, опишала една од елитните дами како изгледа нејзината работа.

илустрација

Како што се зборува за таквите излети, најскапите девојки можат да заработат и до 3.500 евра.

Еден странски посредник, чија работа била на богатите газди да им носи проститутки и да набавува дрога, открил дека една од неговите задачи било собирање на искористените секс-помагала, како вибратоти, камшици, дилди…

„Дочекувавме летонски и руски проститутки, а обично ги довезуваат до јахтите во пристаништата. Потоа богатите клиенти би избирале три жени за тој ден. Арапите се највеликодушни луѓе на светот, за нив парите се само хартија. Кај нив можете да наплатите и до 35 илјади само за една ноќ. Обожаваат одење на јахти, а жените ги бираат пред да испловат. На јахтите може има по десетина девојки, обично модели, кои се голи или полуголи. Забавата се сведува на дрога, алкохол и секс со девојките. Девојките ги чекаат своите пликоа на крајот на ноќта. Клиентите ја ставаат договорената сума во пликото, а на неа пишуваат „подарок“. Сексот не е толку страшен, обично трае само 5 минути. Малку воздивнуваш, се превиткуваш, му кажуваш зборови што сака да ги слушне и готов е за пет минути“, открива една руска елитна проститутка, пренесува Дневни аваз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот