Како да се заштитите од гром: ШТО НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРАВИТЕ КОГА ГРМИ

Меѓу најчестите прашања на граѓаните е што да се прави кога ќе почне да грми, а еве некои совети на метеоролозите кои ќе ви ги решат дилемите.

Кога ќе слушнете грмотевица, веќе сте во опасност. Гром може да удри и кога невремето е 16 км оддалечено од вас.

Никако не стојте под дрво.

Ако сте дома и знаете дека се приближува невреме, затворете ги вратите и прозорците, исклучете ги електричните апарати, особено оние кои во тој момент не ви се потребни, како на пример бојлер, телевизор…

Ако сте во автомобил, не плашете се од гром. Ако сте во затворен објект останете таму додека не престане невремето.

Ако сте на отворено, не легнувајте на земја бидејќи тогаш сте со целата површина на телото во контакт со земјата. Подобра положба е да клекнете држејќи ја главата меѓу колената. Во оваа положба избегнувате косата да ја допре земјата.

Ако грми и светка, не користете телефон, без оглед дали е фиксен илои мобилен. Мобилните исклучете ги, особено ако не сте во затворен простор.

Избегнувајте користење на метални предмети бидејќи тие се одлични проводници на електрична енергија.

Избегнувајте оштетени столбови и бандери, далеководи, трафостаници и други објекти кои служат за пренос на електрична енергија.

Никогаш не допирајте кабли или метални и бакарни жици кои се скинати или на друг начин оштетени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот