КАЈЛИ ГО ОСТАВИ ТРЕВИС? Се сликаа разголени, а сега таа продолжува соло! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

КАЈЛИ ГО ОСТАВИ ТРЕВИС? Се сликаа разголени, а сега таа продолжува соло! (ФОТО)

Светските таблоиди се посомневаа во тоа по неколку последователни објави на профилот на Кајли, со „сомнителни“ описи и коментари.

Постојат многу знаци кои покажуваат дека популарниот пар, Кајли Џенер и Тревис Скот, веќе не се заедно.

Светските таблоиди се посомневаа во тоа по неколку последователни објави на профилот на Кајли, со „сомнителни“ описи и коментари. Таа и Тревис неодамна се фотографираа разголени за Плејбој.

Медиумите на нејзиниот профил на Инстаграм пронашле три наводни докази дека веќе не се заедно. Првиот е описот на сликата на која Кајли е сама и облечена во црно, а напишала „Ова не е игра, дечко.“

Вториот знак е коментарот на нејзината пријателка „Направена за соло игра“, а многумина забележале дека во позадината веќе ја нема нивната заедничка фотографија.

Тие ја имаат ќерката Сторми, која се роди во 2018. Кајли забремени кратко откако почна да се гледа со Тревис Скот, кого го запозна за време на неговиот настап на Коачела.

View this post on Instagram

🖤⚡️

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close