Јужна Кореја го лансираше вториот воен шпионски сателит

Јужна Кореја тестираше ракета / Фото EPA-EFE/YONHAP

Јужна Кореја го лансираше во орбитата својот втор воен шпионски сателит, што самата го произведе. Сателитот беше лансиран со ракета „Фалкон 9“ (Falcon 9) на компанијата „Спејс Икс“, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана, цитирано од француските медиуми.

Во декември, Јужна Кореја го потврди успешното лансирање на својот прв воен шпионски сателит, исто така лансиран во вселената со ракета на „Спејс Икс“, што беше лансиран од вселенскиот центар Џон Ф. Кенеди во Флорида.

„Вториот разузнавачки сателит на нашата војска успешно се одвои од ракетата-носач приближно во 09:02 часот (00:02 часот по Гринич) и влезе во предвидената орбита“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

„Планираме да потврдиме дека сателитот работи нормално преку комуникации со копнени станици во странство“, додаде министерството.

Француските медиуми потсетуваат дека двете лансирања го одразуваат интензивирањето на вселенската трка на Корејскиот полуостров, откако и во ноември минатата година, Северна Кореја објави дека го лансирала својот прв шпионски сателит во вселената.

Јужна Кореја планира до 2025 година да лансира вкупно пет шпионски сателити за подобро следење на ситуацијата во Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот