Јувентус подготви нов договор за Роналдо

Роналдо и Јувентус се наоѓаат под истрага на италијанските власти/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Португалецот е многу блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион.

Роналдо утре ќе наполни 36. години, а Тутоспорт пренесува дека Португалецот е најважниот играч на Јувентус поради што управата сака да ја продолжи соработката за дополнителни година дена.

Актуелниот договор на Роналдо со Јувентус исекува во јуни 2022 година, а доколку потпише нов договор, тогаш Портигалецот во Торино ќе остане до 2023 година.

Кристијано Роналдо се наоѓа во фантастична форма сезонава, на 23 натпревари досега постигна дури 22 голови, и притоа ги постигна двата гола против Интер во првиот полуфинален натпревар во италијанскиот Куп (1:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот