ФОТО: Јупитер и Сатурн „се споија“, вака изгледаше нивното пресретнување

Twitter

Светот вчера имаше можност во живо да го проследи меѓусебното доближување на Јупитер и Сатурн видливо од Земјата за првпат по 800 години. За жал облачното небо ги оневозможи граѓаните на Македонија да го видат тоа.

Facebook

„За жал и овој пат облаците нѐ спречија во намерата да го набљудуваме реткиот феномен на конјукција на најубавите планети за набљудување низ телескоп – Јупитер и Сатурн. Но, светот е голем и некаде мораше да биде ведро. Еден од најдобрите, ако не и најдобар астроном аматер кој слика планети, е Дамиан Пич (Damian Peach). За да ја направи фотографијата која ја гледате користел телескоп со дијаметар од 1 метар, во Чиле. Она што го гледате на фотографијата најприближно го отсликува тоа што би го виделе низ телескоп, доколку времето беше ведро“, напишаа на Фејсбук од Скопското астрономско друштво.

Последен пат вакво „спојување“ на Јупитер и Сатурн можело да се види од Земјата во јули 1623 година, но во тоа време било речиси невозможно да се види пристапот поради близината на таа точка до положбата на Сонцето.

Во оние делови од светот каде што спојувањето можеше да се набљудува, двете планети изгледале како една голема светла ѕвезда, иако всушност се раздалечени повеќе од 730 милиони километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот