Јунајтед и со ремито против Вест Хем на само еден бод од ЛШ

EPA-EFE/Cath Ivill

Манчестер јунајтед одигра 1:1 против Вест Хем на домашен терен во претпоследното коло од Премиер лигата.

Иако не успеаја да победат, фудбалерите на Манчестер јунајтед во последното коло од Премиер лигата влегуваат со еден бод предност во битката за Лигата на шампионите. Во последното коло „црвените ѓаволи“ му гостуваат на Лестер и тоа ќе биде пресметка на двата ривали кои се борат за ЛШ.

На тимот на Оле Гунар Солскјер ќе му биде доволен и еден бод на „Кинг Пауер“ стадионот на 26. јули за да игра во ЛШ наредната сезона. Од друга страна, со денешното реми Вест Хем и официјално си го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.

Фудбалерите на Јунајтед не брилјираа на својот „Олд трафорд“ и дури му „дозволија“ на противникот да поведе. По неспретната интервенција на Пол Погба во својот шеснаесетник кога играше со рака, беше досуден пенал за Вест Хем. Успешен реализатор беше Мајкл Антонио во судиското продолжение од првото полувреме.

Во вториот дел, играчите на Манчестер јунајтед заиграа далеку подобро, доминираа на теренот, а израмнувачкиот гол го постигна Мејсон Гринвуд кој стана само четвртиот тинејџер во историјата на „црвените ѓаволи“ со 17 постигнати голови во една сезона. Покрај него, во елитното друштво се уште легендите на клубот Џорџ Бест, Брајан Кид и Вејн Руни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот