Јунајтед даде вистинско богатство за десен бек

Манчестер јунајтед успешно ја заврши сагата околу трансферот на Арон Ван Бисака. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер конечно ќе го добие посакуванот засилување на позицијата десен бек но за тоа мораше да го собори светскиот рекорд кога станува збор за бековите.

Имено, Кристал Палас попушти откако Јунајтед понуди 67 милиони евра со што ќе го направи Ван Бисака најскап бек во фудбалот. Претходниот рекорд го држеше Кајл Вокер кој за 55 милиони фунти од Тотенхем се пресели во Манчестер сити.

Се очекува трансферот да се реализира во наредните 48 часа, бидејќи десниот бек се наоѓа со младата репрезентација на Англија на Европското првенство во Италија.

Преговорите помеѓу Кристал Палас и Манчестер јунајтед траеја неколку недели, „црвените ѓаволи“ прво понудија 50 милиони евра, но тимот од Лондон не сакаше да попушти и бараше да му се исплати 67 милиони евра (60 милионуи фунти), што на крајот и се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот