Јовановиќ: “Отворен Балкан” ќе има позитивни економски ефекти

Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии / Фото: „Слободен печат“

Отвoрањето на границите дефинитивно ќе има позитивни економски ефекти, вели во изјава за „Слободен печат“, Бранимир Јовановиќ, економски истражувач и професор по економија на Институтот за општествени и хуманистички науки, коментирајќи ги економските eфекти од иницијативата „Отворен Балкан“.

-Отвoрањето на границите дефинитивно ќе има позитивни економски ефекти. Една од најголемите пречки за повисока економска соработка во регионот моментално е долгото чекање на границите, од страна и на камионите и на автомобилите. Со „Отворен Балкан” тoа значајно ќе се намали, што ќе има позитивни ефекти и за трговијата, и за патувањето, и за научната, културната и секоја друга соработка. Но, за ефектите да бидат уште поголеми, потребно е и другите три економии од регионот да се вклучат во иницијативата – БиХ, Црна Гора и Косово. И потребно е економската соработка да се прошири, а не да остане само на слободно движење, односно регионот да почне да води заеднички економски политики. Околу можноста за злоупотреби, тие секогаш постојат, ама во овој случај не мислам дека се толку значајни за да ја спречат оваа иницијатива. Злоупотребите и сега постојат, границите во регионот и сега се порозни, не гледам дека отварањето на границите ќе направи нешто многу тука – вели Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот