Јончевски: Хап веројатно ќе игра против Естонија наместо Шортс

фото КФСМ

Според селекторот новиот Американец во македонскиот тим, центарот Итан Хап веројатно ќе игра против Естонија во Скопје во првиот меч од Квалификациите за ЕП 2024 наместо Ти Џеј Шортс. Јончевски очекува во тимот да биде и Димитријевиќ

На поширокиот список на македонската кошаркарска репрезентација за претстојните квалификации за ЕП 2025 селекторот Александар Јончевски реши да стави нов Американец, центарот Итан Хап, играч на шпанска Гран Канарија.

На списокот се и најдобриот македонски играч во моментов, плејмејкерот Ненад Димитријевиќ (УНИКС Казан) како и одличниот плејмејкер на Париз, Американецот Ти Џеј Шортс.

Според тоа што ни кажа селекторот изгледа дека ќе се одлучи во тимот на Македонија за февруарскиот циклус да го стави Хап на местото на Шортс, кој имаше клучна улога успешно да ги минеме претквалификациите за ЕП 2025. Двајцата не можат да бидат во тимот.

– Се уште не сум донел конечна одлука, но веројатно дека во тимот ќе биде Итан Хап на местото на Шортс. Оценувам дека моментно сме подефицитарни со високи играчи, па Хап би ни бил попотребен. Очекувам во тимот да го имаме и Димитријевиќ, со кого лично разговарав и од него добив позитивен сигнал што се однесува до учеството во тимот за февруарскиот циклус – вели Јончевски.

Македонија ги почнува квалификациите на 23 февруари со мечот против Естонија во Скопје, а три дена подоцна гостува кај Полска. Општо е мислењето дека мечот со Естонија во Скопје може да биде клучен за пласманот на Македонија на Евробаскетот 2025.

Итан Хап (27, 208) е квалитетен играч на внатешните поизиции, кој би можел да биде повеќе потребен од Шортс за тој клучен меч. Хап во Еврокупот сезонава има просек од 9,6 поени, 6 скока и 2,2 асистенции по меч. Во шпанската АЦБ лига сезонава има просек од 12,3 поени, 5,7 скокови по меч. Шортс исто така е во одлична форма.

Но, на плејмејкерската позиција го имаме Димитријевиќ кој има повеќе од успешна сезона во УНИКС Казан. Затоа Јончевсеки е со размислување, засега, да го вклучи Хап, кому ова ќе му биде деби во нашиот тим, иако поодамна има македонско државјанство.

Јончевски го објави поширокиот список за натпреварите против Естонија и Полска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот