Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман, ќе се испитува дали возачите биле под дејство на алкохол

Фото: КТВ

Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман, како и испитување присуство на алкохол кај учесниците во несреќата, во која две лица загинаа, а три се потешко повредени. За ова попладнево информираа од Обвинителството.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на лице место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во животна опасност се префрлени на лекување во Скопје“, појаснија од Обвинителството.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата.

Сообраќајката се случи утрово на патот Градско – Прилеп, кај Росоман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот