Обвинител извршил увид на местото каде што почина осумгодишното момче од Пинтија по напад од куче

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Јавен обвинител извршил увид на местото каде осумгодишно дете беше нападнато и почина по напад од куче на сосед во скопската населба Пинтија. Од Обвинителството потврдија дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај.

– Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција и се преземаат дејствија за испитување на целиот настан, информираа од Јавното обвинителството.

Осумгодишно дете од Пинтија почина откако било нападнато од кучето на соседот

Од МВР соопштија дека вчера околу 18:25 часот во ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив е донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, во сопственост на соседот Н.Г.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот