Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ ги враќа на сцена насилниците од 27 април

Во гостувањето на „Клан дебата“, кандидатот за претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ што како што рече ги враќа на сцена насилниците од 27 април и Гордана Јанкулоска.

„Гледам некни на промоција на Гордана Силјановска, како се викаат овие двајца Игор Југ и, како се вика „Ќосето“, беа присутни. Сега гледам Гордана Јанкуловска ја поддржува Гордана Силјановска. Која е пораката што ја праќаат? Истите навики? Истите луѓе? Истата екипа? Со оној обезбедувањето на Мицкоски што тепаше полицаец, што има индиции дека е учесник во палењето на миксерите на сопственикот на Техно-Павер? Исто така индиции дека тој го истепа советникот во Општина Карпош? Пак покажуваат дека ќе дојдат насилници?“, рече Јакимовски.

Наместо закани и промовирање на насилници, Јакимовски како што рече побара од ВМРО-ДПМНЕ да им објаснат на граѓаните што ќе направат за економијата и животниот стандард:

„Кажете што ќе направите во економијата, кажете како ќе го подигнете животниот стандард?“ , истакна Јакимовски во вчерашното гостување на „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот