Базен до салата „Партизан“/ Фото/ Општина Карпош

Јакимовски обвини дека базенот во Карпош 4 од инает не се пушта, од Министерството за спорт тврдат дека е во завршна фаза

Базенот до спортската сала „Наум Наумовски Борче“, позната како „Партизан“ е во завршна фаза на техничка подготовка и проверка, по што наскоро ќе биде пуштен во употреба, велат од Министерството за спорт.

Деновиве  градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски обвини дека иако  базенот е целосно завршен и наменет за пливачко описменување на децата, Министерството за спорт сè уште не дозволува негово пуштање во употреба.

По што се поразлични децата во Карпош од оние во Кисела Вода – праша градоначалникот, кој смета дека „базенот е симбол на инаетот на Борко Ристовски против децата од Карпош“.

Јакимовски вчера преку вестите на ТВ24, јавно му понуди на министерот за спорт , Општина Карпош да ги покрие сите трошоци за базенот и салата Партизан.

Еве пред камерите да дадам една понуда и да не правиме повеќе циркузи. Знам дека немаат ниту денар платено за овој базен. Општина Карпош е подготвена да ја преземе обврската, тоа е некаде околу 37 милиони денари, за исплата на базенот. И ова што е извршена реконструкција на салата и овој долг што го има министерството да го преземе општина Карпош, на одредени рати да го исплатиме, да не правиме циркуз, да не ги вознемируваме граѓаните и еве да не дозволиме друга влада да си поигрува со граѓаните на општина Карпош. Значи нудам сите трошоци што се таму направени да ги плати општина Карпош, рече градоначалникот  на Карпош.

Од Министерството потсетуваат дека салата „Партизан“ со одлука на Владата е одземена од Општина Карпош, а изјавите на Јакимовски ги толкуваат како предизборна кампања.

Во однос на изјавите и понудите на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истите се дадени по распишување на локалните избори и Министерството за спорт нема коментар на тоа, велат од Министерството за спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот