Јахта потонала откако се судрила со рибарски брод на Јадранот, еден мртов

јадранско море
Фото: Архива

Едно лице загина, а неколку се полесно повредени во поморска несреќа што се случи во судир на јахта и рибарски брод кај Муртер, во хрватскиот дел на Јадранот.

Несреќата, по која потонала јахтата, се случила синоќа, јавува Хина, која потврдата ја добила од Капетанијата на пристаништата во Шибеник.

„Според сведочењето на учесниците дошло до судир на јахта со хрватско знаме и рибарски брод под хрватско знаме, а во судирот едно лице загинало. Во моментов истрагата и разговорот со сите учесници се уште е во тек, па ќе дознаеме подетално откако ќе заврши истрагата“, изјави капетанот на пристаништето Иван Паушиќ.

Починатиот бил готвач. Неколку лица се полесно повредени и не им била укажана помош во болница, но им била укажана помош на лице место.

Несреќата се случила околу 19 часот и 35 минути, југозападно од островот Мурвењак, во близина на Муртер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот