Јадете како Французите: Рецепт за домашен багет

Фото: Flickr

Вистинскиот македонски појадок е незамислив без парче леб или некој друг производ од тесто како печиво, сендвич и слично.

Многумина не можат да одолеат на мирисот на свежо испечениот леб што се шири низ домот. Ако сте љубител на француски багет, овој рецепт често ќе го правите.

Состојки:

– 500 грама мазно брашно
– 370 милилитри млака вода
– 1 лажичка сув квасец
– 1 лажичка сол

Подготовка:

Во сад измешајте ги сувите состојки, па со постепено додавање вода замесете тесто. Кога тестото ќе стане компактно, оставете го во сад да нарасне на топло место околу 45 минути. Покријте го садот со памучна крпа или со проѕирна фолија.

По 45 минути, тестото префрлете го на работната површина и со влажни раце кратко замесете го, па обликувајте го во јуфка и оставете го повторно да нарасне околу 45 минути. И овој пат покријте го со крпа.

Истата постапка повторете ја на работната површина трипати. Кога сите трипати ќе го замесите тестото, поделете го на четири дела. Секој дел од тестото нежно обликувајте го во јуфка, покријте сè и оставете уште 15 минути тестото да „одмори“.

Со прстите благо развлечете го по површината во форма на правоаголник и свиткајте го во ролна во саканата должина. Секој багет префрлете го во плех и оставете да нарасне околу половина час пред да ги ставите во рерна. Пред да ги испечете багетите, засечете ги малку дијагонално.

Во рерна загреана на 250 степени, ставете тава до половина наполнета со вода, па кога водата ќе почне да врие, врз неа ставете ја тавата со багетите и печете ги 20 минути на 220 степени. Благодарение на пареата што се шири од долната тепсија, багетите ќе бидат крцкави однадвор, а меки и воздушести однатре. К. А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот