Ја дочекаа „на нож“: Француска министерка позираше за насловната на „Плејбој“

Марлен Скиапа / Фото: EPA

Француската министерка за социјална екологија Марлен Скиапа ќе се појави на насловната страница на априлското издание на магазинот „Плејбој“, поради што се најде на удар на критичарите.

Интервјуто со министерката на владата на Емануел Макрон ќе се протега на дури 12 страници од француското издание на „Плејбој“, а ќе зборува за правата на жените и ЛГБТ луѓето. Иако таа ќе биде целосно облечена, нејзината одлука да се појави во магазинот „Плејбој“ наиде на критики од одредени политичари, бидејќи се случува во време на големи социјални немири поради пензиските реформи на Макрон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marlène Schiappa (@marleneschiappa)

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен застана во одбрана на Скиапа во интервју за францускиот „СиЊуз“ во неделата, нарекувајќи ја „жена со карактер“.

„Сакав да кажам дека Марлен Скиапа е храбра политичарка која има свој карактер и која има свој стил кој не е мој, но јас го почитувам“, рече Дарманен.

Скиапа, која е министерка во француската влада од 2017 година, во изданието кое ќе излезе на 8 април, зборува за правата на жените, ЛГБТ заедницата и абортусот.

Француската премиерка Елизабет Борн ја критикуваше Скиапа за насловната страница, велејќи ѝ дека тоа „не е соодветно, особено во овој период“, објави во саботата БФМТВ, цитирајќи извор близок до премиерката.

Министерката Скиапа, која е и мајка на две деца, на Твитер им испрати јасна порака на критичарите.

„Ги бранам правата на жените да прават што сакаат со своето тело: секаде и постојано. Во Франција жените се слободни. Без разлика дали тоа им пречи на лицемерните или не“, напиша таа, а нејзината објава беше прегледана четири милиони пати.


Скиапа е долгогодишна застапничка за правата на жените и беше назначен за прв француски министер за родова рамноправност во 2017 година.

Во текот на нејзиниот мандат, е усвоен нов закон против сексуално вознемирување, кој овозможува изрекување парични казни на лице место на мажи кои повикуваат, малтретираат или следат жени на улица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marlène Schiappa (@marleneschiappa)

Францускиот уредник на „Плејбој“, Жан-Кристоф Флорентин, рече дека Скиапа е најкомпатибилна за списанието од нејзините колешки поради нејзините феминистички ставови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот