Извозниците на нафта очекуваат нов пораст на побарувачката

Илустративна фотографија / СП. архива

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги зголеми проценките за среднорочна и долгорочна побарувачка на нафта, нагласувајќи ја потребата од поголеми инвестиции во нафтениот сектор за да се задоволи очекуваната побарувачка, пишува Пословни хр.

Во својот извештај за пазарот на нафта за 2022 година, ОПЕК предупреди на хронично недоволно инвестирање, проценувајќи дека се потребни 12,1 трилиони долари во нафтениот сектор за да се задоволи очекуваната поголема побарувачка на среден и долг рок.

Следната година, глобалната побарувачка на нафта, како што покажуваат подобрените проекции, ќе достигне 103 милиони барели дневно, што е зголемување за 2,7 милиони барели дневно во споредба со 2022 година. Така, ОПЕК ја зголеми минатогодишната проценка за 2023 година за 1,4 милиони барели дневно.

Зголемената прогноза одразува посилно закрепнување во 2022 и 2023 година и „силно фокусирање на прашањата за енергетската безбедност“, што доведува до побавна замена на нафтата со други горива, како што е природниот гас, чија цена скокна поради руската инвазија на Украина.

Ставот на ОПЕК не се совпаѓа со оценките на другите прогнозери кои предвидуваат дека побарувачката на нафта ќе достигне плафон пред 2030 година поради зголемената употреба на обновливи извори на енергија и електрични автомобили. Уште една деценија раст на побарувачката ќе му помогне на ОПЕК, чии 13 членки се потпираат на приходите од нафтата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот