Извлечени моторџиите од бездна на Караџица, со повреди се пренесени во болница

Брза помош / илустрација / Фото: МИА

„Двете лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај вила Принц на Караџица се извлечени во стабилна состојба со веројатни сршеници, предадени се на две екипи на Итната медицински помош кои се упатија кон медицинските центри во Скопје“, соопшти вечерва ЦУК.

Според ЦУК, тие излетале од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, по селото Алдинци во близина на вилата „Принц”.

Пожарникари со специјална опрема и спасувачи на ЦУК беа ангажирани во акцијата за извлекување на двајцата моторџии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот