Израелскиот премиер ги уверува семејствата на заложниците дека прави максимални напори да ги врати дома

Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер ги уверува семејствата на израелските заложници кои сè уште се држат во Газа дека вложува напори да ги врати назад. Бенјамин Нетанјаху информираше дека разговорите за заложниците со посредство на Катар, сè уште се во тек, пренесува Си-ен-ен. 

„Ве молам да разберете дека ние сме навистина посветени во целосна смисла на зборот. Тоа е вистински напор, рече Бенјамин Нетанјаху на состанокот со претставници од 18 семејства во неговата канцеларија во Ерусалим во средата.

Во однос на договорот за ослободување на заложниците, Нетанјаху рече дека може да сподели само ограничени информации и дека е прерано да каже како ќе се случи ослободувањето на заложниците. Сепак, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека „разговорите околу оваа тема биле конструктивни“.

Нетанјаху рече дека нема да се согласи со барањата на Хамас да ослободи илјадници палестински затвореници и да се повлече од Газа за да обезбеди ослободување на заложниците. И неговите екстремно десничарски коалициски партнери, министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич остро го критикуваа потенцијалниот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот