Израелската армија гради пат што ја дели Газа на два дела

Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Патот што го гради израелската армија, што ја дели Газа на два дела, стигна до брегот на Средоземното Море, според анализата на сателитски снимки, објави Си-Ен-Ен.

Наводно, тоа е дел од безбедносниот план за контрола на територијата со месеци, а можеби и со години, изјавија израелските власти за американската мрежа.

Сателитските снимки на Си-Ен-Ен покажуваат дека патот исток-запад, кој се гради со недели, сега се протега од граничната област Газа и Израел низ цела лента долга околу 6,5 километри и ја дели северна Газа, вклучувајќи го и градот со истиот име, од јужниот дел на палестинската енклава.

Постојниот пат е долг два километри, а преостанатите 4,5 километри е новоизграден.
Израелските одбранбени сили изјавија за Си-Ен-Ен дека ја користат рутата за да „постават оперативно упориште во областа“ и да дозволат „премин на силите, како и логистичка опрема“, поминувајќи оклопни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот