Израел воведува четиричасовни хуманитарни паузи за влез на хуманитарна помош и обиди за ослободување на заложници

Гром удри во близина на Белата куќа/ Фото Bryan Olin Dozier/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Израел се согласи да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во нападите врз Хамас во северниот дел на Газа почнувајќи од четврток, соопшти Белата куќа, додека претседателот Џо Бајден ги притиска Израелците за повеќедневен прекин на борбите во обид да ги ослободи заложниците што ги држи милитантната група, пренесе Асошиејтед прес.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече паузите произлегле од дискусиите меѓу американските и израелските официјални лица во последните денови, вклучително и разговорите на американскиот претседател Џо Бајден со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Кирби рече дека паузите ќе им овозможат на луѓето да се извлечат од опасноста, а ќе послужат и за испорака на хуманитарна помош и како начин да се извлечат заложниците.

„Израелците ни кажаа дека нема да има воени операции во овие области за време на паузата и дека овој процес започнува денес“, рече Кирби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот