Израел планира да го нападне Либан за да го уништи Хезболах?

ammunition near the Gaza border, southern Israel , 02 November 2023. More than 8,000 Palestinians and over 1,400 Israelis have been killed, 240 held hostages in Gaza according to the Israel Defense Forces (IDF) and the Palestinian health authority, since Hamas militants launched an attack against Israel from the Gaza Strip on 07 October. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Либанското издание Ал Ахбар, поврзано со милитантната група Хезболах, повикувајќи се на свои извори, објави дека израелските власти ги информирале своите сојузници за нивната намера да го постават 15 март како краен рок за постигнување политичко решение со Либан.

Доколку не се постигнат потребните договори, Тел Авив има намера да ги ескалира воените дејствија до состојба на целосен вооружен конфликт.

Заменик генералниот секретар на либанскиот Хезболах предупреди дека во случај на голем израелски напад врз Либан, израелската армија ќе се соочи со „напредна верзија на 33-дневната војна“. Тој исто така нагласи дека единствен начин за стабилизирање на ситуацијата во регионот е воспоставување мир во Појасот Газа.

Според американскиот телевизиски канал CNN, американските власти не исклучуваат дека израелската армија планира копнено распоредување на трупи во Либан до крајот на пролетта или почетокот на летото оваа година, доколку конфликтот не биде решен со политички средства.

Изворите на медиумот велат дека изгледите за израелска инвазија на Либан била дискутирана на разузнавачки брифинг за високи претставници на администрацијата на Бајден. Истовремено, Израел се уште официјално не ја објавил одлуката за воена операцијаврз Хезболах во Либан.

Израелската воена инвазија на Либан неизбежно ќе вклучи вовлекување на други земји во конфликтот, кој во моментов не се раководоат на интересите на Вашингтон на Блискиот Исток.

Од друга страна, Израел веќе не може да си дозволи да продолжи со тековните тензии на северот на земјата, каде што израелската армија е принудена да задржи значителен контингент војници за да му се спротивстави на Хезболах и да одговора на се уште ретките напади од територијата на соседен Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот