Израел и Бахреин потпишаа Договор за безбедност и соработка

Израел и Бахреин потпишаа Договор за безбедност и соработка/Фото: Ariel HERMONI / AFP / Profimedia

Израел и Бахреин потпишаа договор за безбедност и соработка кој е прв таков договор што Израел го потпишал со еден од своите нови сојузници помеѓу земјите од Персиски Залив.

– Потпишаниот меморандум ќе воспостави рамка за соработка на разузнавачките агенции и индустриските компании, изјави израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Тој додаде дека една година по потпишувањето на Договорот на Абрахам постигнат е уште еден важен одбранбен договор, што ќе придонесе за безбедноста на двете земји и за стабилност на регионот.

Ганц по средбата со министерот за одбрана на Бахреин, Абдула бин Хасан ал Нуајми, се сретна и со кралот Хамад бин Иса ал Калиф.

Израелскиот министер го посети и седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.

– Во позадина на растечките поморски и воздушни закани, нашата цврста соработка е поважна од кога било, напиша Ганц на Твитер по посетата на поморската база.

Во Бахреин е лоциран ЦЕНТЦОМ – заедничка воена команда на американското Министерство за одбрана на Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот