Изненадувања во Мадрид: Елиминирани Медведев и Рубљов

Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Осминафиналната програма на Мастерс-турнирот во Мадрид денес донесе нeколку изненадувања. Својот настап на турнирот го завршија руските тенисери Данил Медведев и Андреј Рубљов.

Медведев важеше за голем фаворит против сонародникот Аслан Карацев кој е 121-тенисер на АТП листата. Сепак, Карацев кој до главниот турнир дојде преку квалификации одигра одличен меч и го совлада со 2:0 во сетови (7:6, 6:4).

Рубљов по голема битка беше елиминиран од Хачанов со 2:0 во сетови. Во овој меч посебно интересен беше првиот сет кој се решаваше во тај брејк 10:8. Рубљов потоа влезе во криза и загуби сервисот во третиот гејм од вториот сет и не успеа да се врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот