Изминатата недела подигнати 223 непрописно паркирани возила во Скопје

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

Изминатата недела со „пајак” се отстранети вкупно 223 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 35 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 188 возила по налог на сообраќајната полиција, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта, во истиот период санкционирале вкупно 369 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 35 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг” апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот