Изложбата „110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова“ ќе биде поставена во Чифте амам

Лена Стефанова - Мртва природа (кошничка со овошје), 1955, акварел

Во Националната галерија на Република Северна Македонија, во објектот Чифте амам, на 20 декември, во 12 часот, ќе биде отворена јубилејната изложба „110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова“.

– Голем предизвик е организирањето јубилејна изложба и одбележувањето 110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова. Јубилејните изложби секогаш се повод за констатација како нечие творештво на посебен и специфичен начин ја обележало својата епоха – истакнуваат од Националната галерија.

Пишуваните текстови и аналитичките студии што се посветени на животот и делото на Лена Стефанова се многу малку. Мал број каталози од нејзините постхумни изложби даваат некаков увид во нејзината уметност, но се работи за релативно кратки текстови што не влегуваат во некаква детална анализа на нејзиното творештво.

Во историјата на современата македонска ликовна уметност, Лена Стефанова зазема втемелувачко и изделено место. Таа ѝ припаѓа на генерацијата уметници кои чувствувајќи ја и доживувајќи ја моралната и духовната тензија на своето време, се вклучиле во современиот живот и без двоумење ги прифатиле тековите на современата ликовна уметност. Лена Стефанова има голема улога во културата на уметноста како прва уметница во современата македонска ликовна уметност.

Нејзиниот уметнички придонес е огромен иако животната судбина и била особено тешка, така што нејзиниот живот бил постојана борба и барање на суштината на животот, љубовта, природата, пејзажот, акварелот итн.

Куратори на изложбата се Татјана Бундалевска и Елена Иванова и истата во Чифте амам ќе биде поставена до февруари 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот