Изложба со дигитални фотографии од Лука Кекиќ е поставена во КСП „Центар-Јадро“

Изложбата „За Возбудувачот“ беше отворена на 14 март во КСП „Центар-Јадро“

Изложбата „За Возбудувачот“, проект на дигитална фотографија од Лука Кекиќ, ја симболизира неговата потреба за нова перспектива и неговото истражување на актуелниот свет. Изложбата е составена од фотографии чии визуелен стил е концентриран околу уличната и флоралната фотографија, во негативни и термички ефекти.

Покрај самите фотографии, овој проект вклучува и видеоинсталација, која е придружена со оригинален саундтрак, кој е инспириран и зема примероци на звуците снимени од телескопите „Хабл“ и „Џејмс Веб“ на НАСА.

Главната инспирација за оваа изложба е теоријата дека не сите луѓе ги гледаат боите исти, и дека црвеното на еден поединец може да биде сино на друг, па оттука произлегуваат визуелно претставените абнормални бои.

Целта на оваа изложба е на публиката да ѝ овозможи нова „перспектива“ за светот во кој живееме и да ја мотивира мислата дека секој поединец има различна перцепција и идеја за животот. Изложбата „За Возбудувачот“ беше отворена на 14 март во КСП „Центар-Јадро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот