Излезе „Културен печат“ број 226 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 226

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 226, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (13-14.4.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со композиторот Панде Шахов за оркестарската верзија на „Македонисимо“: Сакам да експериментирам со акорди

– разговор со кураторката Јасмина Котевска за проектот „Одејќи по тенки линии“: Сите ние Сизифовски го носиме товарот на сопствениот грб!

– монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат“ беше промовирана на 47. Денови на македонска музика

– добитник на Гран-при на 17. Меѓународно биенале на минијатурна уметност во Горњи Милановац е македонскиот уметник Мице Јанкуловски

– изложба на медални скулптури и други дела на Надја Розева од Бугарија е поставена во објектот Чифте амам при Националната галерија во Скопје

– книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ на новинарката Ана Василевска прави пресек на три децении независна македонска кинематографија

– Македонскиот народен театар ја најави премиерата на претставата „Хенгинг Араунд“ на текст на Љупчо Јованов и во режија и адаптација на Бојан Трифуновски

– новинарите на Македонското радио – Радио Скопје, Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, објавија аудио ЦД со наслов „Господ да ја благослови Македонија“

– книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје е „Писмо за Глорија“ на Живко Грозданоски

– издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави најновата, триесет и шеста, стихозбирка на Ристо Лазаров со наслов „Господ во бели патики“

– неуморниот писател за деца Васил Мукаетов ја промовираше својата нова книга „Има ли и страна петта?“

– во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје на 6 април се одржа литературна вечер на која беа промовирани три книги од авторката Гордана Каракашевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот