Излезе „Културен печат“ број 192 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 192

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 192, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (19-20.8.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со карикатуристот, есеист и сатиричар Тоде Ристо Блажевски: Мојата карикатурна реакција обично почнува со револт

– филмска концентрација во старото скопско јадро со програмата на 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“

– кинематограферите се главните ѕвезди на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола

– маестро Симон Трпчески и пријателите ќе го изведат „Македонисимо“ во село Секирник, Општина Босилово, Струмица, во подножјето на планината Беласица

– разговор со поетесата Ирена Павлова Де Одорико: Афоризмот е патот кон тишината на зборовите

– книжевна рецензија на изборот поезија од Ацо Шопов со наслов „Од најстара и најчиста сончевина“: Шопов низ полски окулар

– врвици на историјата – Вера Јоциќ во очите на Ацо Шопов (препис на оригинален текст од Ацо Шопов за народниот херој Вера Јоциќ)

– стихозбирката „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков ја доби наградата „Антево перо“ за 2023 година

– годинашното 35-то јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал „Поетска ноќ во Велестово“ се одржува од 18 до 20 август на повеќе локации во Велестово и во Охрид

– шеснаесет критички есеи посветени на поетски и прозни дела од македонски автори се објавени во книгата „Вертикали на македонската книжевност“ на Љубинка Донева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот