Излезе „Културен печат“ број 185 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ бр. 185

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 185, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (1-2.7.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Дарија Андовска, композиторка и Декан на ФМУ: Kвалитетот е како топка во вода – колку и да ја буткаш надолу, ќе исплива

– разговор со режисерот Кокан Младеновиќ: Театарот е моќен коректив на светот

– инклузивен театар – претставата „Улаф сте?“ предизвикува силни емоции

– фотографска изложба „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева: Секој човек има своја убавина

– книжевна дискусија „Од превод до книга – лавиринт со повеќе излези“: Имаме мал пазар, а многу книги и издавачи

– Центарот за културна иницијатива – Штип го објави јубилејниот 90-ти број на Списание за уметност – СУМ

– синтеза на сите ликовни техники и дисциплини донесе изложбата на цртежи и колажи од Стефан Младеновски со наслов „Записи“

– како круна на концертната сезона Македонската филхармонија ќе настапи во Подгорица и во Дубровник

– Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп откупи три драмски текстови од македонски автори

– ликовната уметница Марија Павловска ја доби меѓународната награда за уметност „Пегаз“

– промоција на антологијата „Современи хрватски поетски профили“ и на две книги од битолската поетеса Мирјана Стојановска се одржа во Осиек, Хрватска

– издавачката куќа „Артконект“ ја објави книгата „Предметот на љубовта“ од Една О’Брајан

– издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Мутации“ од Франсис Кирпс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот