Избори во Франција: Марин ле Пен за прв пат води во еден од регионите

Фото ЕПА

Десничарската француска партија Национален фронт на Марин ле Пен води во првиот круг на регионалните избори и тоа во регионот Прованса Алпи-Азурен брег околу Марсеј, покажуваат првичните резултати, на кои излезноста е рекордно најмала.

Според податоците, Тјери Маријани од „Националнот фронт“ освоил 33 отсто од гласовите, за 3 отсто повеќе од Рено Муселије од партијата „Републиканци“, која е во сјоуз со партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, „Републиката напред“, пренесува Ројтерс.

Според анализите за регионалните избори во Франција партијата на десниот центар „Републиканци“ се наоѓа на првото место во регионот Од де Франс, односно е во водство пред „Националнот фронт“, партија на крајната десница.

Партијата на Макрон, „Републиката напред“ не успеала да го прејде прагот од 10 отсто освоени гласови за да се кфалификува во вториот изборен круг. Како што известува агенцијата Елабо, излезноста на ови избори е на рекордно ниско ниво, а стапката на „воздржани“ изнесува 68,5 проценти.

Гласачите одлучиле да уживаат во сончевиот ден после повеќемесечните мерки за ограничено движење заради коронавирусот, отколку да одат да гласаат, наведува Ројтерс. Вториот изборен круг ќе се одржи на 27 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот