Избоден обезбедувач во казино во Скопје, еве што пријави во полиција

Фото: МИА

Вчера во 12.00 часот во Полициска станица Центар, А.Ѓ.(41) пријавил дека, претходниот ден рано утрото околу 03.00 часот додека бил на своето работно место како обезбедување во казино на улица “Народен фронт”, настанала расправија помеѓу пријавителот и Н.И.

По расправијата двете лица влегле во патничко моторно возило “алфа ромео” со скопски регистарски ознаки сопственост на А.Ѓ. и заминале на улица “Питу Гули” каде настанала физичка пресметка меѓу двете лица, при што Н.И. со остар предмет му нанел повреди на А.Ѓ. и со возилото го напуштил местото на настанот.

На пријавителот му е укажана лекарска помош во Клинички центар “Мајка Тереза”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот