Ивановски по голема борба поразен на турнирот во Мајорка

Фото: mtftennis.mk

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го загуби мечот од првото коло на Челинџер турнирот Рафаел Надал Опен што се игра за награден фонд од 73.000 евра во Мајорка, Шпанија.

Подобар од Ивановски беше искусниот Португалец Жоао Соуса (34.години, 259 место АТП) со 2-0 во сетови (64 76 (5)). Португалецот во текот на мечот кој траеше безмалку два часа ја чекаше секоја грешка на Ивановски и најчесто таквата игра му носеше резултат. Инаку мечот почна по 22 часот по локално време, а заврши неколку минути по полноќ.

Во првиот сет Иваовски го загуби гемот на свој сервис во петтиот гем, па така Соуса поведе со 3:2, а потоа со 4:2. Нашиот тенисер во осмиот гем не реализраше две брејк топки, па противникот дојде до предност од 5:3. Во следниот гем Ивановски спаси една сет топка, а потоа и не фреализраше брејк шанса и сетот заврши со 6:4 во гемови за португалскиот тенисер, кој имаше еден брејк од три можности, а Ивановски 0/3.

Во вториот сет до 3:3 беше нерешено без брејк. Соуса направи брејк во седмиот гем, а Ивановски го врати во осмиот гем и изедначи на 4:4. Така беше до крајот на сетот, па одлуката падна во тај брекот. По првите шест поени беше 5:1 за Соуса, а Ивановски намали на 6:4, а потоа спаси и една меч топка, но следната не успеа да ја спаси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот