Дарио Ивановски второпласиран на трката на 3000 метри во Истанбул/Фото: Атлетска федерација на Македонија

Ивановски балкански вицешампион, со сребро и рекорд на 3000 метри

Денеска македонската атлетика слави уште еден медал од Балканското првенство за сениори во сала во Истанбул, Дарио Ивановски успеа да се закити со сребрен медал.

Претходно за нашата земја првиот медал во турскиот град го донесе Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина.

Ивановски на трката на 3000 метри со резултат 07:58.48 минути и нов национален рекорд на Македонија вреден 1087 бода, го освои второто место и сребрениот медал.

Златото му припадна на Словенецот Вид Ботолин (07:57.98 мин.), а третопласиран е Мурат Емектар од Турција (08:00.18 мин.)

Во истата дисциплина претходната година на истото првенство Ивановски го освои златниот медал и се закити тогаш со титулата балкански шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот