Итно префрлен во болница: Касиљас повторно има проблеми со срцето!

Икер Касиљас, екс голманот на Реал Мадрид/фото: EPA-EFE/ABEDIN TERKENAREH

Поранешниот голман на шпанската репрезентација, Икер Касиљас, повторно е во болница поради проблеми со срцето!

Касиљас веќе преживеа еден миокарден инфаркт, но не ја заврши својата кариера дури и после тоа..

Според медиумите во Шпанија, завршил во болница во Мадрид откако се дружеше со пријателите играјќи падел, по што почувствувал болки во градите и забрзан ритам на срцето. По тестовите било заклучено дека не станува збор за срцев удар или посериозни проблеми со срцето. Трофејниот голман на Реал Мадрид беше брзо пуштен од болницата.

Имаше срцев удар на 1 мај 2019 година, на тренингот на Порто, по што беше принуден да ја заврши својата долга, одлична кариера.

За голем успех на Реал Мадрид тој бранеше на 510 натпревари од 1999 до 2015 година. Застана на голот на Порто 116 пати. Тој играше за репрезентацијата на Шпанија, со која беше светски шампион во 2010 година, за црвената „фурија“ од 2000 до 2016 година беше дел од 167 мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот