Италијански градоначалник нареди сексуална апстиненција: Мора да бидете барем метар одвоени дури и во кревет

Де Лука рече дека владините мерки се само „детски желби“ додавајќи дека жителите на Месина и натаму ќе се придржуваат кон строгите мерки

Катено де Лука, градоначалник на италијанскиот град Месина, кај локалната јавност познат по неговите остри и провокативни ставови, уште еднаш се избламира во јавност. Овојпат со изјавите за примена на мерките во време на епидемијата од коронавирусот.

– Ако ве фатам во групи од двајца или тројца и ве видам во романтична прегратка: добро. Од сега „романтичното ловење“ е забрането. Гушкањето и бакнувањето е забрането. Мора да се држиме до тотална апстиненција. Тешко на оној кој ќе ја прекрши сексуалната апстиненција. Дали се разбравме? Супер – рече Де Лука во последното обраќање преку социјалните мрежи.

Италијанските медиуми наведуваат дека неговиот пристап бил имитација на обраќањето на Џуезепе Конте.

– Сами одете во лов (популарен термин за додворување). Па и дома, бидете внимателни. Мора да бидете барем метар одвоени дури и во кревет. Бидејќи мојот двојник (Џузепе Конте) немаше храброст да ви каже, еве јас ќе ви кажам. Апстиненција до 31. октомври, рече Де Лука.

И понатаму предизвикувајќи го Конте, Де Лука рече дека владините мерки се само „детски желби“ додавајќи дека жителите на Месина и натаму ќе се придржуваат кон строгите мерки иако Италија полека се отвора, пишуваат италијанските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот