Италијанската Влада најави помош за граѓаните при плаќањето на сметките за гас и електрична енергија

epa09443159 Italian Prime Minister, Mario Draghi during a press conference at the end of a Cabinet meeting that addressed rules for the use of Green Pass against the spread of Covid-19, Rome, Italy, 02 September 2021. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI / POOL

Италијанската Влада денеска вети дека ќе им помогне на граѓаните да ги платат сметките за електрична енергија и гас до крајот на годината, приклучувајќи им се на европските земји кои се обидуваат да го намалат товарот од зголемувањето на цените на енергијата.

– Некои сметки за гас нема да мора да се платат во последниот квартал од оваа година, изјави премиерот Марио Драги, а Владата ќе отпише и дел од сметките за електрична енергија за семејствата и малите претпријатија.

Граѓаните со ниски примања ќе добијат повисоки суми за ваучери за трошоци за енергија, истакна Драги во својот говор на собирот на италијанските индустриски асоцијации.

Тој нагласи дека пакетот мерки за поддршка ќе ја чини државата повеќе од три милијарди евра.

– Без политичка интервенција, цените на гасот ќе се зголемат за уште 30 проценти, а цената на електричната енергија за дури 40 отсто до крајот на годината, истакна италијанскиот премиер.

Драги додаде дека Владата нема да ги зголеми даноците. „Во оваа фаза парите не се собираат, туку се делат”, рече тој.

Владата очекува економијата да продолжи да се опоравува од последиците од пандемијата на Ковид -19, делумно потпирајќи се на милијарди евра од фондот на ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот