Италијаните ќе бркаат рекорд во туризмот за 2023 година

Рим, Италија/ Фото EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Според италијанскиот институт за анкети Демоскопика, годинава ноќевањата на туристите во земјава ќе надминат 442 милиони. И секако, еден од најмоќните полови на атракција останува Рим, Вечниот град, без разлика дали нема море.

Сепак, како што пренесува Дојче веле во извештајот, се предвидува зголемување 12 отсто во однос на 2022 година. Се очекува вкупно 127 милиони посетители да ги изберат италијанските одморалишта и таканаречените уникатни „уметнички градови“ однадвор и одвнатре.

И во овој случај во однос на минатата година е забележан значителен пораст од 11,2 отсто. Оваа експлозија во туристичкиот сообраќај може да доведе до приходи од 89 милијарди евра, што ќе биде речиси 25 отсто повисоко отколку во 2022 година.

На крајот на краиштата, претходеа три години сурови ограничувања и забрани што беа спроведени за да се спречи пандемијата на коронавирус, па денес на сите им треба релаксација и безгрижност. Што се однесува до странските посетители, Демоскопика предвидува дека годинава Италија ќе ја посетат 61 милион странски туристи со 215 милиони ноќевања.

Се чини дека оваа позитивна динамика важи за сите региони на земјата, со најсилни зголемувања кои се очекуваат за поширокиот регион на Венеција, централниот регион Тоскана, Рим и Кампанија со Неапол како главен град.

Сепак, се чини дека не е сè розово. Конфедерацијата на бизниси во италијанската трговија и туризам, Confesercenti, алармира и подвлекува дека во пресрет на католичкиот Велигден на 9 април – и во остатокот од сезоната – сè уште има огромни недостатоци.

Итно се потребни околу 50.000 работници во хотелите и рестораните, како и во останатата туристичка инфраструктура, објави Катимерини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот