Италијанци дојдоа на одмор, останаа во Тирана и отворија бар

Фото: Wikipedia/Commons

Дојдовме на одмор во Албанија и решивме дека сакаме да инвестираме овде и да го поминеме животот во оваа земја. Вака Рафаел Бјанкареду и Рикардо Вирџили на социјалните мрежи ја опишуваат својата приказна која успешно ја пишуваат во Албанија. Тие се двајца од 4 луѓе кои инвестирале во еден од најпопуларните бизниси во земјата,барови и ресторани.

„Дојдов во Албанија пред околу три години за прв пат како турист, откако работев 15 години во Лондон во услужниот сектор. Сакав да инвестирам во  „нова земја“. Многумина можеби ќе прашаат зошто морав да отворам бар, а мојот одговор е овој: тоа е местото каде што луѓето можат да се дружат, додека Италијанците кои живеат во Тирана можат да најдат спомени од својот роден град.„ вели Рафаел Бјанкареду, италијански претприемач во Албанија

Податоците на Институтот за статистика покажуваат дека бројот на компании со италијанска сопственост минатата година достигна 2.875, што е зголемен за 200 субјекти во споредба со 2021 година. Всушност, една четвртина од странските компании кои работат овде се италијански. По речиси една година активност, Рикардо Вирџили е убеден дека „вреди да се инвестира во Албанија“.

“Апсолутно да. Реалноста што ја изградивме би било многу тешко да се постигне во другите европски земји. Се разбира, има многу да се работи, но како Италијанци го носиме она што го знаеме да го инвестираме во Албанија. Вашата земја е нова земја, која им ветува многу на странците“ вели Рикардо Вирџили, еден од инвеститорите на локал во Албанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот