Истражувањата покажуваат: Женските солзи можат да ја намалат агресијата кај мажите

Фото: Pexels

Новото истражување на научниците од Институтот Вајцман во Израел покажа дека женските солзи содржат хемикалии кои можат да ја намалат агресијата кај мажите.

Резултатите од истражувањето покажале дека мирисот на женските солзи кај мажите доведува до намалување на активноста во делот од мозокот одговорен за чувството на лутина, што доведува до нивна смиреност.

Во експериментите, испитаниците играле агресивна игра во која често има конфликти и ситуации во кои едната страна може финансиски да ѝ наштети на другата. За тоа време, тие имале задача да мирисаат женски солзи или солена вода.

Фото: Pexels/Liza Summer

За време на тестирањето, било утврдено дека агресивноста на учесниците во играта, кои ги помирисале солзите, се намалила за повеќе од 40 проценти.

Целата процедура била повторена со анализа и снимање на мозокот со помош на скенер за магнетна резонанца. Било откриено дека во регионите на човечкиот мозок, во кои се случуваат промени за време на агресивното однесување, активноста поврзана со таквото однесување речиси целосно исчезнала по мирисот на женските солзи.

Научниците велат дека овој феномен, познат како хемосигнализирање, веќе е забележан кај некои животни и дека најчесто е експериментиран со глодари, чии женки лачат и „мирољубиви солзи“. Најновото истражување покажа дека луѓето користат и ваков тип на сигнализација што придонесува за смирување на страстите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот