Истражување: Образовниот систем неподготвен за е-настава

Profimedia

Секундарниот образовен систем не овозможи услови за квалитетно спроведување на далечинска настава е главниот заклучок на националното истражување за спроведувањето на далечинската наставата во средното образование за време на КОВИД-19 спроведно од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој во соработка со Фондација Конрад Аденауер во периодот од 25 мај до 15 јуни, на репрезентативен примерок од 639 ученици и 407 наставници од сите 8 статистички региони на Северна Македонија.

Анализата покажува дека една од причините е тоа што дигиталните алатки во 64% од случаите или ретко (еднаш во две недели или еднаш во месецот), или воопшто не се употребувале во редовната настава, како и тоа дека 51% од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата.

Понатаму, 55,5% од учениците ја оцениле наставата како просечна, доволна и недоволно добра, а 1/3 сметаат дека наставата малку или воопшто не помогнала во изучување на материјата. Како една од причините е начинот на кој се одвивала истата, каде најдоминантен и најфреквентен начин на спроведување на наставата е испраќањето на задачи и презентации со 61% застапеност. Тука, интересен е фактот дека платформата ЕдуИно изработена од МОН, се користела само во 1% од случаите.

Како следна причина е тоа што дигитализацијата во образованието е на многу ниско ниво, каде што само 51% од училиштата имаат интернет конекција за користење, а од нив, во 53% од случаите истата не е отворена за користење за учениците.

Исто така, наставниците никогаш немаат добиено обука за користење на дигитални платформи и во 37% од случаите, онлајн предавања и дигитални алатки се користат во помалку од половина вкупниот број на предмети.

Координацијата при реализирањето на наставата била многу слаба со отсуство на унифициран пристап за спроведувањето на наставата од сите наставници и отсуство на посебни распореди за онлајн настава која вклучува онлајн часови во најголем дел од случаите.


Понатаму, наставниците известуваат дека оценувањето било нереално и не постоел систем за оценување кој е прилагодени на моделот на далечинско учење. Од друга страна Во ниту едно училиште во периодот на спроведување на наставата на далечина, не била спроведена планска и суштинска евалуација на далечинското учење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот