Истражувачите развија математичка формула за постигнување машки оргазам

Фото: Профимедиа

За првпат тим од математичари разви модел кој може да го мапира најдобриот начин за машката популација да достигне сексуална кулминација, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

По анализа на повеќедецениски податоци за физиолошкото и психолошко сексуално возбудување, истражувачите велат дека ги пронашле идеалните услови потребни за постигнување оргазам.

„Го развивме првиот успешен математички модел за сексуални перформанси“, вели математичарот Константин Блajaс, еден од водечките истражувачи од Универзитетот во Сасекс, Велика Британија.

„Нашите резултати ги покриваат физиолошките и психолошките аспекти потребни за да се достигне кулминација. Тие ги зајакнуваат и математички ги докажуваат постоечките студии за психологијата на сексот“, објаснува Блajaс.

Се разбира, не постои единствена, универзална рамка кога станува збор за сексот и сексуалното задоволство, па oва треба да се земе со резерва. Истражувачите не гарантираат оргазам за секого и во секое време. Наместо тоа, тие се надеваат дека ќе ги подобрат шансите малку повеќе во нечија корист, и тоа врз основа на податоци.

Истражувачите, сепак, дошле до една многу важна препорака, премногу рано психолошко возбудување може да го отежне постигнувањето оргазам.

„Клучно откритие е дека премногу рано психолошко возбудување во процесот, може да ја спречи можноста да се достигне кулминација. Едноставно кажано, нашите наоди може да се сумираат како ‘Не размислувај претерано’“, вели Блajaс.

Уште поважно, тимот можел да го направи она што другите не го направија, да најде начин да користи математички модели за да предвиди дали некој ќе достигне кулминација.

Интересно е тоа што истражувачите се посветиле на мажите и нивното сексуално доживување, а ним вообичаено им е полесно да доживеат оргазам, но многу од нив, исто така имаат и сексуална дисфункција во одреден момент од нивниот живот.

„Нашите наоди се фокусираат на социјална табу-тема, за која веруваме дека може да има корисна примена за клинички третман на сексуална дисфункција“, вели математичарка и ко-истражувач Јулија Киричко, исто така од Универзитетот во Сасекс.

„Со она што го научивме од оваа студија, имаме намера математички да го моделираме и женскиот сексуален одговор, кој е физиолошки – и математички – покомплексен од машкиот одговор“.

Истражувачите ги развија равенките со анализа на податоците околу четирите фази од циклусот на физиолошки одговори на сексуалната стимулација: возбуда, плато, оргазам и разрешување.

Гледајќи ги сите податоци, истражувачите дојдоа до две различни математички равенки, една која се занимава со вклучени психолошки фактори и друга со физиолошката страна на нештата.
Како што споменавме погоре, овие формули навистина не се нешто што можете да го вклучите и користите во спалната соба.

Но, тие се таму за да ги мапираат условите што би довеле еден циклус на возбуда да заврши со оргазам или не. Ова би можело да им помогне на истражувачите подобро да ги разберат сексуалните проблеми во иднина.

Истражувањето е објавено во „Chaos: An Interdisciplinary Journal of Nonlinear Science“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот