Истрагата за убиството на Тупак е пред самиот крај: Дали конечно ќе се дознае кој го уби познатиот рапер?

Фото: COLUMBIA PICTURES - Album / Album / Profimedia

Убиството на познатиот американски рапер Тупак Шакур речиси 30 години беше нерешлива мистерија. Сепак, се чини, виновникот на крајот самиот го разоткри злосторството.

Тупак беше убиен во 1996 година, на улица, во пукање од еден автомобил во друг. Како и она врз друг познат рапер од тоа време – Ноториус Биг, и ова убиство остана нерешено, што остави простор за бројни теории на заговор. Всушност, фактите говорат дека се работело за улична пресметка на тамошните „раперски банди“. И Тупак често имал проблеми со законот, но и судири со своите соперници на њујоршките улици и гангстерскиот „источен брег“.

Истрагата беше запрена одамна, но во 2018 година Дуејн Дејвис, вујкото на Орландо Андерсон – главниот осомничен, во документарниот филм „Unsolved“ изјави дека тој бил во автомобилот од каде што бил застрелан Тупак. Со тоа, на некој начин Дејвис ги потврди недокажливите гласини од претходно. Андерсон, кој наводно пукал, бил убиен во 1998 година, две години по убиството на Тупак, во друга гангстерска пресметка.

Според тврдењата на Дејвис, раперот Паф Деди (Шон Комбс) понудил милион долари за убиството на Тупак.

Дејвис веројатно мислел дека по толку години никому нема да му биде грижа и ќе може „да се пофали“ со потфатот, заради заработка.

Но, погрешил. Речиси 27 години по убиството, полицијата влезе во куќата на Дејвис со налог за претрес, па однесоа торби со докази – мобилен телефон, лаптопи, книга напишана од Дејвис, списанија и две кутии со фотографии.

Дејвис е в затвор и судењето е во тек, но според познавачите и американските медиуми, доказите се прилично солидни.

Тупак Шакур конечно добива своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот